Вчера (6 февруари) околу 15 часот и 45 минути, на улица „Видоја Смилевски-Бато“, на мостот на Пена во Тетово, патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 48-годишниот С.Л. од тетовска Мала Речица удрило во велосипед што го управувал 64-годишниот И.С. од тетовско Желино.
Повредениот И.С. пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира денес СВР Тетово.