Александар Велјановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Тетово и кандидат за пратеник одржа прес-конференција.
-Иако не заслужуваат реакција, последните прес конференции на општинската организација на СДС Тетово ме потикнаа да го соопштам следново. Општата безидејност и неспособност на социјал демократскиот сојуз резултира со празни прес конференции на тетовската општинска организација. И покрај тоа, што на Македонија и се заканува сиромаштија, губење на работни места, колапс на бизнис секторот, и рекорден број на нови случаи на заразени и мртви од КОВИД 19, локалните функционери на сдс читаат нарачани текстови произведени од фабриката за лаги на Бихаќка.
Излегуваат пред јавноста, безочно лажат и ветуваат нови проекти а немаат реализирано ниту еден од ветените проекти. Нивното однесување е во најмала рака несериозно и создава огромен револт кај Тетовчани. Почитувани, колеги од сдс Тетово, дали навистина верувате дека доколку една недела зборувате за тоа кој политичар во кој дел од ресторанот седел, граѓаните ќе заборават дека мандатот наскоро ви завршува а немате изградено една училница во Гимназијата Кирил Пејчиновиќ, дека немате донесено ниту една инвестиција во Тетово. Дали мислите дека доколку ветувате нови проекти, тетовчани ќе заборават дека не сте реализирале ниту еден централен проект за Тетово од вашата програма „План за живот“. Дали мислите дека Тетовчани некогаш ќе ви простат за тоа што бевте соучесници во националните порази што ги донесе Заев, промената на името на Република Македонија, распродажбата на македонскиот идентитет, култура, историја?
Македонија од пример за успешна држава, во вашиот мандат стана синоним за единствената држава во модерна Европа која го променила своето име, и во која владее висока корупција, криминал, непотизам. И, наместо да се занимавате со корупцијата кој навлезе дури и во вашиот систем, и со остварување на ветената програма вие држите прес конференции кои не помагаат на никого а најмалку на вас самите.
На народот му е преку глава од вашата неспособност и од лагите на Заев. Вие веќе нема што да понудите освен предизборен поткуп. Сакам од тука да им порачам на тетовчани, да ни се придружат во нашата победа, затоа што истече времето на политичарите без кичма, кои работат против интересите на својот народ, политичари кои гласаат за промена на име и јазик, политичари кои не се чувствуваат гордо под македонското знаме.
Ние имаме програма, имаме стратегија. ВМРО ДПМНЕ и Обновата на Македонија ќе го вратат достоинството на граѓаните. Обновата доаѓа. Да живее Република Македонија, истакна Александар Велјановски.