Нема нови или дополнителни мерки за Тетово поради високиот број на заразени со Ковид-19, информираше денес министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција, иако веќе денес бројка на лица кои се на болничко лекување достига 90.
Тој рече дека се разговарало за можноста за сите македонски и странски граѓани кои влегуваат и излегуваат од земјата да се бара ПЦР тест, доказ за прележаност или вакцинална потврда на граница. Оваа мерка била дискутирана на кризниот штаб утринава а ќе се најде на владина дискусија утре. Ќе се извести дополнително од кога ќе почне да важи оваа мерка, а за нејзината имплементација клучно било тоа што голем дел од граѓаните се надвор од државата на одмор.
-За луѓе што се имунокомпромитирани, ќе се препорача и трета доза вакцина, најави Филипче. –
Филипче коментирајќи го вчерашниот антивакцинален протест, рече дека никој не е присилен да биде вакциниран.
-Вакцините се безбедни. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход. Во однос на протестот сум разочаран, Не слушнавме реторика или порака во однос на вакцините. За жал беше полн со навреди, закани и здравствените работници кои ги ризикуваа животите за здравјето на пациентите и ги ризикуваат животите деноноќно, рече Филипче.