Од скијачко-туристичкиот центар Попова Шапка информираат дека од утре повторно во функција ќе биде шестоседот. Овие два дена од викендот граѓаните ќе можат бесплатно да го користат.
-Туристичкиот центар „Попова Шапка” од утре, 17 јули ќе нуди бројни содржини за уживање на отворено за време на летниот период. Овој викенд, искористете ги бесплатните денови за посетителите и добијте бесплатен билет за шестоседот “Лајтнер” за планинарење и планински велосипедизам, инфомираат од ски-центарот.
Секој викенд, шестоседот ќе работи во периодот од 09:00 до 15:00 часот