Изминатиот викенд, 11/12 јануари, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, соопшти денес СВР Тетово.
При контролата во Тетово биле откриени 19 возачи-прекршители, кои биле исклучени од сообраќај и времено им биле одземени возачките дозволи. Откриени и законски санкционирани се и 34 други видови прекршоци.
Во гостиварската контрола откриени се три алкохолизирани возачи и тие биле исклучени од сообраќај и им биле одземени возачките дозволи. Откриени, исто така, се и три други прекршоци.
А.С