Еден од најпознатите македонски музичари Влатко Стефановски вчера беше гостин во Државното музичко учлиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ . Тој одржа кратко предавање и разговараше со учениците, а изведе и дел од неговиот богат репертоар.
-Ни се исполни желбата во нашето училиште да гостува нашиот најпознат музичар и гитарист Влатко Стефановски, кој светот одамна го има поставено како музички великан. Концертната сала на училиштето беше преполна, а концентрација на максимално ниво кога Влатко зборуваше и ги мотивраше нашите ученици. Огромно е значењето за младите музичари да чујат од искуството на нашиот Влатко Стефановски кој во музичка смисла го има „освоено светот“, а се се уште знае да биде обичен човек и да разговара со сите нас, изјави директорот на музичкото училиште Љупчо Перински.
И учениците се претставија пред Стефановски.
-Ученциите од музичко училиште подготвија кратко видео со секвенци од неговата музичка кариера. Дел од учениците и настапија со свои музички точки и покажаа пред музичкиот великан колку ја совладале музичката уметност, изјави Перински.
Директор посочи дека Стефановски во Тетово доаѓа помеѓу две патувања надвор од земјата. Пред да дојде бил во Бугарија, а по гостувањето во тетовското музичко училиште заминал за Будимпешта.