Во текот на април 2022 година во Ковид центарот на тетовската клиничка болница починало едно лице, од вкупно шест луѓе кои биле на болничко лекување во текот на 30-те денови од минатиот месец. Починал 83 годишник на 1-ви април.
– Од 1 до 30 април 2022 во амбулантата на Ковид центарот биле извршени вкупно 107 прегледи на луѓе со симптоми на Ковид-19 и сомнителни случаи, изјави д-р Хасан Илјази, одговорен за односи со јавноста при Клиничка болница Тетово.
Во март 2022 имаше двајца починати, а 221 прегледи на луѓе со симптом на Ковид-19.
ас