Тетовската полиција информира дека 40 годишник пријавил дека е повреден поради заталкан куршум. Поради повредата тој побарал и лекарска помош.
-На 25.07.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р.(40) од с.Желино, тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
На 18 јули пријавено беше дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек-без повредено лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59 годишна жена во Тетово.
ас