Минатиот месец (мај), полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во редовни и 19 акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1521 прекршок.
Во мајските контролни активности, реализирани на ова подрачје, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 49 возила, од кои 34 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 15 поради утврдена техничка неисправност.
Во мај, исто така, од сообраќај биле исклучени и 212 возила, од кои 116 управувале без возачка дозвола, 42 под дејство на алкохол, 38 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања предвидени за оваа категорија возачи, 10 со несоодветна категорија и 6 со важечка забрана за управување.
Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 14 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 90 возачки и 30 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 204 непрописно паркирано возило, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфенција на возила и пешаци. Ваквата активност со несмален интензитет продолжува и на почетокот на овој месец. За два дена санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ се вкупно 53 возила