Црковниот одбор и годинешните кумови при црквата Свети Спас од село Долно Палчиште ги повикуваат сите благочестиви Христијани на црковно-народниот собир во недела 4-ти јули 2021 година.
Во 09:00 часот свештеници од Тетовско-гостиварската епархија ќе извршат светење на масло по повод Прва недела од Петровденските пости, а потоа за присутните гости ќе се принесе братско-сестринска трпеза и ќе се продолжи со црковно-народна веселба.