Во тетовско Непроштено денес во 18 часот и 30 минути ќе се одбележи годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски и исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година, дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани.
Одбележувањето ќе се одржи пред спомен обележјето изградено во нивна чест во Непроштено.
Со законот за амнестија во македонскиот судски систем се затвори и случајот Непроштено а со тоа и истражните постапки околу 12 -те киднапирани Македонци. Случајот Непроштено заедно со останатите три предмети во македонскиот правосуден систем беа вратени од Хашкиот суд во 2008 година, со ветување и обврска дека Јавното обвинителството ќе ги истражи.