Наместо да затвори во 18 часот согласно мерките за спречување на ширење на коронаворусот, локал во тетовски Пирок работел дури после полноќ. Сопственикот ќе се соочи со кривична пријава за делото „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
-Половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово констатирале дека угостителски објект во тетовски Пирок, сопственост на 45-годишниот Г.П., работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица, поради што на сопственикот на објектот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Сопственикот Г.П. денеска повикан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Во текот на декември повеќе локали се затворени, а сопствениците приведени поради истото дело.
А.С