Два случаи на каснување од бездомни кучиња се пријавени вчeра во СВР Тетово. Жена на 55 години и маж на 62 години биле повредени и побарале лекарска помош.
-Вчера З.А.(55) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 8 часот и 30 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово била касната на левата нога. Д.Р.(62) од тетовска Голема Речица во СВР Тетово пријавил дека на 3 јануари годинава околу 15 часот и 15 минути на улица „Цветан Димов“ во Тетово бил каснат на левата нога од куче-бездомник, информираат од СВР Тетово.
А.С