Во СВР Тетово вчера (9 ноември) во 9 часот и 20 минути, Ф.Д.(42) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека од домот на тетка и, каде престојувала поради нарушени семејни односи, се оддалечила нејзината малолетна ќерка.
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од полицијата.
Вчера (9 ноември) во 13 часот и 55 минути, 49-годишниот Х.С. од тетовско Добарце во СВР Тетово пријавил дека дента околу 9 часот неговиот малолетен син во тетовско средно училиште, каде учел, физички бил нападнат од друг малолетен соученик.
-Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Дваесет и седумгодишна жителка на тетовски Пирок вчера (9 ноември) во 10 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавила дека била измамена од Б.З.(33) од тетовско Боговиње, преку чија фирма во јуни годинава нарачала и однапред платила за печка на пелети, но досега не и била донесена печката, ниту и биле вратени парите.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (9 ноември) околу 10 часот и 30 минути, во тетовско Доброште, го привеле 32-годишниот Д.И. од ова село, осуден на 4-месечна затворска казна за кривично дело „тешка кражба“, a по кого била распишана домашна и меѓународна потерница. По приведувањето реализирано со судска наредба Д.И. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.