Во септември годинава има 446 сообраќајни прекршоци повеќе од минатата година, бележи статистиката на СВР Тетово при анализа на месечните податоци за контролите во сообраќајот. Овој септември откриени и законски санкционирани се 1772 разни видови прекршоци.
-Во контролните активности, редовни и акциски, поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 36 возила. Најмногу од исклучените возила (24) имале истечена регистрација над 30 денови, а кај 12 била констатирана техничка неисправност, пред се на сопирачки и на други уреди. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 239 возачи, од кои 140 управувале без возачка дозвола, 55 под дејство на алкохол, 37 возачи-почетници, 4 со важечка забрана и 6 со несоодветна категорија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на септември, исто така, времено одземени се и 91 возачка и 31 сообраќајна дозвола, а изготвени биле и 214 писмени предупредувања. Во овој период, поради погрешно паркирање од „пајак-службата “ во Тетово биле подигнати 88 возила.
ас