Управната зграда на Музејот на тетовскиот крај и Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово се двете места каде се одвива вакцинацијата, но веќе го нема метежот пред овие згради. Од здравствените установи објаснуваат дека за два месеци Тетово драстично го зголеми процентот на вакцинирани и затоа се помалку има заинтересирани за имунизација.
-Последните неколку недели трендот за вакцинација е драстично намален. Претпоставуваме дека тоа се должи на тоа што добар процент од граѓаните што сакале да се вакцинираат се веќе вакцинирани. Падот на бројките на новозаразение претпоставуваме дека има влијание на побарувачката за вакцинација. Во меѓувреме започнавме и со трета доза за здравствените работници, потоа лицата над 60 години и лица кои се хробични болести без разлика на години со специјалистички извештај да побараат и да се вакцинираат со трета доза, изјави Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.
Просекот во Тетово на сите пунктови е 100 вакцинирани дневно што е многу помала бројка од летните месеци кога достигнуваше и до околу 2000.
-Тогаш имавме и истотака мал процент на вакцинација, Тетово заврши со околу 20 отсто вакцинација до јули месец. Тој процент го зголемивме во август и во септември и скокна за околу 20-22 проценти со тоа што сега имаме околу 42 проценти. Претпоставувам дека според бројките, жителите и граѓаните кои сакаат да се вакцинираат,пак имаме постигнато солидна бројка што е на рамниште во Југоисточна Европа и со земјите од Балкан, вели директорот Јоргаќиески.
Д-р Зоран Митревски кој ги прегледува граѓаните пред да се вакцинираат вели дека значајно е што повеќе да има имунизирани граѓаните со оглед дека можни се нови вбрнаови
-Се уште не знаеме колкав е колективниот имунитет во Тетово вакцинацијата е помеѓшу 35-40 проценти на држава. За да се добие колективен имунитет посебно за делта сојот кој е доминантен сега треба да биде над 85 отсто вакцинацијата. Сега за сега вака добро оди но не знам колку време ќе ни треба за да дојдеме до тој процент. Во секој случај моја препорака до граѓаоните е да се носи маска, да држат физичка дистанца, вакцинацијата не ве штити 100 отсто, таа штити но не 100 проценти. Вакцинацијата е само еден дел од заштитата од Ковид, изјави Д-р Митревски.
-Треба да ни биде јасно дека освен со вакцинација ние не можеме да ги намали брановите кои доаѓаат, континуирано имаме по два брана годишно досега гледано. Никој не знае како ќе оди текот на мутирањето на вирусот. Само со висок процент на имунизација можеме да ги намалиме тие хоспитализации во болниците и смртните случаи поприлично што ги имавме многу во нашиот регион, потенцира директорот Борислав Јоргаќиески.
Во двата пункта во Музејот и Центар за култура има и вакцинација и ревакцинација. Преетходно имаше уште два пункта во Порој и во објектот на поранешната жичарница.
Во Клиничката болница има пет лица кои се на болничко лекување поради Ковид-19.
ас