СВР Тетово информира дека се приведени две лица кај кои е најдена дрога.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 март) околу 16 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.А.(59) од Гостивар и Ш.Ф. (30) од гостиварско Чегране, затоа што при нивен преглед им бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Двајца други жители на гостиварски Градец се приведени поради пријава за физички напад.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (30 март) во 22 часот и 20 минути, на улица „180“-Блок 70 во Тетово ги лишиле од слобода Г.М.(22) и И.Р.(22) од гостиварски Градец, затоа што околу 21 часот и 30 минути физички нападнале 30-годишна тетовка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните во овој случај ќе следуваат поднесоци.
Приведени се и двајца тетовци за издржување на затворска казна.
-Вчеравечер (30 март) во 22 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец Б.Ш.(21), по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, а бил осуден на три години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик. Подоцна, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за доиздржување на казната.
Вчера (30 март) во 16 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, со судска наредба, приведен е А.И.(66) од тетовски Пирок за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, каде набргу потоа е и предаден.