По една година пауза поради пандемијата во Тетово повторно се организираше традиционалниот Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.
Победи Никола Пеев од Гевгелија, додека неговиот сограѓанин Илчо Кангов го освои второто место. Третата позиција му припадна на Горан Војновски од Кочани.
-Единаесетиот по ред Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет се одржа годинава затоа што лани паузиравме поради коронавирус. Годинава од друга страна имавме помалку натпреварувачи од вообичаено-имаме 22 натпреварувачи од седум градови, изјави изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.
Турнирот и средбата беа можност лицата од здружението и Националниот сојуз да се сретнат со претставници на општините и државните инститиуции со цел да се продискутира за потребите на лицата со инвалидитетност.
-Мобилност Македонија секоја година организира натпревари во табла, во шах, во спортски дисциплини како фрлање ѓуле, диск, се дружиме и на некој начин покажуваме дека сме присутни и дека постоиме и опстојуваме. Бидејќи беа активни локални избори да потсетиме дека треба да сме присутни во секое место како нормални граѓани на општеството,порача Јаќимовски.
Тој воедно потсети дека Конвекција за правата на инвалидизираните лица е ратификувана во Парламентот во 2011 година, а сето тоа што е таму пишано треба да се примени.
ас