Дневниот центар за згрижување на деца со попреченост во Тетово заедно со невладината организација „Имаго плус“ го зголеми капацитетот на установата па од сега таму ќе можат да одат и деца од претшколска возраст. На свеченоста по повод почнувањето со работа денес присуствуваа заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
-Приоритетите на Министерство и Владата е да ги развиваме социјалните сервиси. Дневните центри на локални ниво се тие кои не следат на локално ниво и претставуваат мост за зближување со другите установи со цел вклученост за сите во општеството. Ново отворениот центар има стручен кадар кои ќе работат на индувидуален третман со децата, рече заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар
– Како заеднички именител ни е инклузија на децата со посебни потреби. Надминуваме еден досегашен недостаток и на тие семејства им укажуваме дека не се сами, рече Теута Арифи
Во Дневниот центар ќе бидат згрижувани дополнително уште 15 деца од претшколска возраст.
-Со отворање на овој центар нема да одат децата во други градови и да прават трошоци. Нашите вработени имаат сертификати за настава со современи методи за деца со попреченост, рече Земријет Бела Вејсели од здружението на граѓани „Имаго плус“.
-Ова е мал но значаен чекор во подигање на општествената свет, препознавање, прифаќање помош на семејствата кои се соочени со оваа проблематика. Воедно дел од концептот едно општество за сите. На сите катерогии на граѓани да им даде можност да земат учество во сите општествени сфери, рече Дарко Обадиќ, директор на Центар за социјални работи Тетово.
Градоначалничката Теута Арифи истакна дека во училиштата се прави обид да се зголеми бројот на вработени со цел инклузија на учениците со попреченост.