Во тетовскиот регион се бележат 13 нови заболени од Ковид-19 како и 10 оздравени лица. Од вкупно 1455 дијагностицирани во моментот болни се 149 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.
Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).