Општина Брвеница во тетовскиот регион има најголема излезност до 9 часот, покажуваат податоците на општинските изборни комисии. Таму од 15 732 избирачи за два часа гласале 3,28 отсто од вкупниот број гласачи.
-Во Општина Тетово имаме излезност од 3,00 отсто за првите два часа од гласањето. Не се забележани поголеми проблеми, а за потешкотии со терминалите за отпечатоци на прстите избирачките одбори имаат поддршка од информатичари кои доаѓаат до нивните места, инфомира Назми Даути, секретар во ОИК Тетово.
Во Желино 2,92 отсто од 23 485 избирачи гласале до 9 часот, додека во Теарце 2,76 отсто од 22 450 граѓани со прао на глас. Најмалку гласање во првите часа има во населените места во Општина Боговиње каде гласале 2,30 отсто од 23 981 избирач.
ас