Во текот на февруари годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во 7 акциски и во други редовни контроли во Тетово и Тетовско откриле и законски санкционирале вкупно 1752 различни видови сообраќајни прекршоци или околу 200 повеќе во споредба со истиот период лани,информира СВР Тетово.
Во овие активности, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 54 возила. Најмногу од исклучените возила (49) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 5 била утврдена техничка неисправност.
Минатиот месец од сообраќај биле исклучени, исто така, и 248 возачи, од кои 127 кои управувале без возачка дозвола, 45 под дејство на алкохол, 68 возачи-почетници, 6 со несоодветна категорија и 1 со впишана забрана за управување.
Oткриените сообраќајни прекршоци во февруари заокружени се со 335 прекршочни, 450 мандатни плaтни налози и 967 писмени опомени.
Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 122 возачки, 53 сообраќајни дозволи дозволи, додека на сообраќајна поука биле повикани 14 учесници во сообраќајот, за кои биле организирани 3 поуки. Во февруари во Тетово, поради погрешно паркирање, биле санкционирани и подигнати 354 возила, се вели во соопштението од СВР Тетово.