По повод празникот Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј во Брвеница ќе се отслужи света литургија, а по богослужбата ќе се освети Богојавленската вода. Во 10 часот ќе се спушти светиот крст во црковната фонтана.
-Затоа молитвено да се вклучиме во одбележувањето на на овој светол ден кога е крстен спасителот наш Господ Исус Христос во јорданските води и да понесеме благослов во своите домови земајќи со себе од осветената богојавленска вода, информира црковното настојателство при црквата Свети Атанасиј во Брвеница.