Секторот за внатрешни работи Тетово вчера спроведе засилена контрола дали возилата на подрчајето се регистрирани и дали возачите располагаат со соодветна возачка дозвола, при што се санкционирани 5 лица без возачки дозволи и 4 возачи со нерегистрирани возила. Воедно одделението за аналитика бележи дека заклучно со денес во 2020 година се изречени над 2000 казни.
-Годинава, заклучно со денес на поширокото тетовско подрачје откриени и вкупно санкционирани се 646 возила со истечена регистрација над и 177 до 30 дена, како и 37 возила кои воопшто не биле регистрирани. Во овој период, исто така, санкционирани се и 1118 лица без возачка дозвола и 59 со несоодветна дозвола за возилата кои ги управувале, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Предвидени се парични глоби од 300 евра во денарска противвредност за непоседување дозвола и до 500 евра за истечена регистрација повеќе од 30 дена.
А.С