Во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово во 2021 година поднесени се вкупно 134 претставки. Од тие најголемиот број 34 се од областа потрошувачки права, 21 од областа социјална сигурност и заштита, по 15 од областите правосудство и урбанизам, 10 финансии и царина, а шест претставки се однесуваат на областа полиција-полициски постапувања.
Во оваа подрачна канцеларија најголемиот број на претставки се од областа потрошувачки права од кои дури 24 се донесуваа на работата на ЈКП Тетово – обид за наплата на застарени долгови.
-За да добие писмена информација по овие предмети, Народниот правобранител превземаше низа дејствија: достави три Барања информации и докази, изврши три увиди во службените простории во ЈП, достави Ургенции, Повторни ургенции, а поради недоставување, или доставување на чисто формални одговори, од страна на ЈП, Народниот правобранител поднесе Информација до Градоначалничката на Општина Тетово, со барање, согласно надлежностите, да ги превземе сите мерки во правец да се достават соодветни одговори од ЈКП „Тетово“. Градоначалничката на Општина Тетово воопшто не презеде никакви дејствија дури и не ни одговори на барањето на Народниот правобранител.По сите овие 24 претставки од страна на Народниот правобранител е констатирана повреда на права на граѓаните, со барања за наплата на застарени долгови, често и за период од 1994 година па наваму, по што до ЈКП „Тетово“ е доставено укажување да се престане со обид за наплата на застарени, а неутужени долгови. Крајниот исход од постапувањето беше тоа што ЈКП постапи по Укажувањето од Народниот правобранител, информираат од канцеларијата на Народен Правобранител
Вопретставките од областа на социјална заштита граѓаните барале интервенција во врска со работата на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Тетово.
-Граѓаните укажуваа на долготрајноста на постапките за одлучување по нивните барања, потоа неправилното утврдување на фактичката состојба кое е поврзано со остварување на паричните примања по основ на права на парична помош од социјална заштита. Исто така, се жалеа на задоцнетата исплата на овие средства по донесени решенија, дел од нив во претставките бараа интервенција поради исплата на средства во износ различен од означениот во односното решение или пак не беа задоволни генерално од добиените објаснувања за состојбата од првостепениот орган. Во претставките пак, во кои се бараше интервенција по поднесена жалба против решение на Центарот, односно за ненавременото одлучување по жалбите, се интервенираше пред второстепениот орган, заради навремено и ажурно постапување, кој пак како причина за недонесување на решение, повторно упатуваше на Центарот и неговото непостапувањето во однос на побараното административно доуредување на списите, информираат од канцеларијата.
Најчестите основи по кој се доставуваа претставките во областа урбанизам се: одложување на првостепена постапка,непостапување на градежна инспекција, и постапка за измена и дополнување на ДУП.
ас