И во последните 24 часа нема починат меѓу хоспитализираните пациенти со Ковид-19 во тетовската клиничка болница. Поминаа 48 часа или два дена без смртни случаи а ги имаше секојдневно во болницата во изминатите речиси 30-тина денови.
-Вкупно нови приеми има шест, а исто толку луѓе се пуштени дома по болничко лекување. Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од Ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на Ковид центарот, изјави Д-р Гзим Нуредини.
Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје во Тетово има 1437 активни случаи на болни со Ковид-19. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион го изгубија животот поради оваа болест.
ас