Тетовските пожарникари по втор пат излегоа на протест, а овој пат реагираат и на ставот на општината даден во медиумите дека проблемите се и на државата. Тие посочуваат дека за неисплатените додатоци за плата законски спогодба договориле со општината и оттаму локалната самоуправа е должна да ги исплати, како и да воведе системско решение истите средства и во иднина да се исплаќаат редовно кај пожарникарите.
-Од прошлиот протест на нашите барања од нивна страна е одговорено дека е работа на државата.Тоа не е точно. Овие нашите проблеми се локални. Секоја општина сами си ги решаваат проблемите. До сега сите против пожарни единици кои имаат како нашите барања ги имаат решено, само град Тетово го нема решено. Сите овие законски основ има општината да ги реши. Или не знаат или не сакаат, а можат за кратко време. Ние сме подготвени за соработка, изјави Сашо Мишевски, претседател на синдикалната подружница во Тетово.
Од петокот кога беше преетходниот протест никој не побарал контакт со синдикалните претставници на пожарникарите.
-Овие неколку дена ни се јавуваат колегите дека имаат одредени закани од одредени надредени личсности во единицата. Од ова место ги повикуваме да престатнат со притисоците. Колегите имаат право да се изразат и да ја кажат реалната потреба односно да се спроведувата законите. Ова е во надлежноста на општина Тетово. Ова не е војна немa губитници и победници. Ова е предупредувачки протест и ако треба и пред општината ќе протестетирамо но сакаме мирно решавање на проблемите. Спремни сме на преговори, изјави Горан Ристески, претседател на гранковскиот синдикат.
Тој посочи дека општина Тетово освен што не го почитува општиот и колективен договор за вработени во јавниот сектор од областа на безбедноста во пресметките за плата треба да дополни и додаток за прекувремена работа.
-Нема графа за прекувремена работа. Работа ноќе треба дас е доплати 35% , општина Тетово има предвидено 29 проценти. Исто за работа ноќе и во ден на одмор. Работа во смени наместо 5 имале 4 отсто. Спогодбата исто така не се спроведува. Од 60 илјади денари на основ на тужбеното барање исплатени се 20 илјади денари, по нивно кажување на општината, изјави Горан Ристески.
Општината и пожарникарите во јуни 2019 договорија спогодбено дека ќе им бидат исплатени по 60 илјади денари за додатоците на плата.
А.С