Кандидатот за градоначалник на Тетово, Вулнет Мурсели на својот Фејсбук профил објави видео спот за семејството. Порача дека како што се грижи за семејството со таква иста грижа ќе работи и за градот и сите жители.
-Вулнет е човек кој сака да го искористи максимумот од секој ден и затоа денот започува во шест часот. Од темнината излегува само со светлина. Ако знаеш да го негуваш своето семејство, ќе знаеш да го негуваш и својот град и својот народ. Ако знаеме да се почитуваме себеси и своите најблиски ќе знаеме и сите други да ги почитуваме, вели во пораката во овој видео спот.