Кандидатот за градоначалник на Тетово од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели денес ја посети градската библиотека „Кочо Рацин“. Со вработените дискутираше за потребата од новиот објект чија изградба се уште се чека.
-Ги уверив дека на почетокот на мојот мандат, заедно со тимот, ќе ви обезбедиме простори што ќе ги прилагодиме за две читални и простор што ќе служи како интернет центар за ученици, студенти и граѓани. Во меѓувреме, ќе работиме напорно за да ја добиеме централната власт што е можно поскоро, што на крајот ќе ги отвори вратите на зградата на библиотеката во Тетово, изјави Вулнет Мурсели.