Тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците утре ќе одржи собрание на кое ќе се одлучува за кандидат за градоначалник помеѓу Вјолца Бериша и Вулнет Мурсели. Порталот на албански јазик фол.мк објави дека Вјолца Бериша ја има предноста во изборот, наведувајќи и дека Мурсели ќе се повлече од кандидатурата.
Од Алијанса за Албанците за МИА информираа дека денес се уште нема дефинитивен избор за кандидат за градоначалник и тоа ќе се направи на партискиот состанок.
-Изборот за кандидат за градоначалник ќе се изврши утре на Собрание на тетовскиот оганок. Двајцата се предложени од партиските структурите и имаат поддршка од централните тела на партијата, изјави Арбен Зеќири задолжен за односи со јавноста.
Вјолца Бериша е универзитетски професор, а Вулнет Мурсели е бизнисмен.
ас