-Во рамките на чествувањето на патронатот на гимназијата беше организирана пригодна свеченост, на која учество зедоа дел од учениците со рецитал посветен на патронот на училиштето, Кирил Пејчиновиќ под менторство на проф.м-р Анета Ацоска, информираат од Гимназијата.
Се одржа и ликовна изложба на дела изработени од страна на учениците под раководство на проф.Катерина Филипоска Стефановска. Во кругот на гимназијата беше организиран и крос, а за музичкиот дел беа задолжени дел од матурантите кои музицирајќи на гитара ги забавуваа присутните гости и ученици.
Беа доделени и благодарници на ученици и професори за особен придонес и афирмација на училиштето во државни и меѓународни натпревари и проекти, информираа од гимназијата.
Воедно соопштуваат дека во рамките на чествувавњето на патрониот празник се одржа и отворен ден на училиштето, на којшто присуствуваа голем број на деветтоодделенци од основните училишта од градот и околината, со своите класни раководители и наставници.
-Тие се запознаа со наставните подрачја во гимназијата и остварија непосредна комуникација со наставниот кадар и директно се запознаа со активностите, проектите и условите за работа во училиштето, информираат од Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.