Поради пандемијата еден од својствените тетовски народни адети за одбележување на Бадник ќе помине со забава на интернет. Според деценискиот обичај вечерва требаше децата и младите да се маскираат но годинава симболично тоа се очекува да биде направено само на социјалните мрежи.
Детската забава за Бадниковата Вечер (Б’дњи Вечер) со песната „Б’дња Баба“. подразбираше маскирани деца да одат од одат од куќа до куќа пеејќи ја песната „Б’дња баба“, очекувајќи од домаќините да ги даруваат. Младите во кафулињата правеа забави со маски.
-Традицијата не смее да запре. И годинава сите што ќе се маскираати ќе пратат фотографија ќе биде објавена на страницата на Фејсбук „Бадник во Тетово – Карневал Б’дња Баба“. Овој адет постои со децении, а на оваа страница има маскенбали од 2009 година, вели Дарко Гавровски, хроничар на Тетово кој го бележи живеењето во градот во неколку книги, интернет страница „Тајните на Тетово“ и „Го Љубим Тетоо“ на Фејсбук.
Песната Б’дња баба
Кој што спие нека стане,нека меси колачиња
Ако нема колачиња, нека даде паричиња.
Ако нема паричиња нека даде бончиња
Ако нема бонбончиња нека даде оревчиња
Ако нема оревчиња нека даде тиквичиња
Ако нема тиквичиња нека даде све што има
Б’дња баба….
Поради пандемијата во Тетово изостануваат и бадникарските огнови кои во пресрет на Божиќ се палеа во сите маала како и Бадникарската литија.
А.С