На изборна седница Горан Чавдаровски повторно е избран за претседател на тетовската општинска организација на Нова социјадемократска партија (НСДП). Тој доби 4 годишен мандат. На седницата беа избрани 9 члена на извршниот одбор како и 3 члена на надзорниот одбор на општинската организација на НСДП Тетово. Горан Чавдаровски е професор по физичка култура.
Во интервју за Тетово инфо претседателот на Нова социјадемократска партија (НСДП), Тито Петковски изјави дека моделот за една изборна единица нема да се донесе поради опструкции на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Без разлика на моделот, НСДП ќе оди самостојно на избори, порача Петковски вечерва од Тетово
-НСДП е потписник на предлог законот за измени и дополнување на изборното законодавство во насока на една изборна единица и тој предлог закон е даден во собрание. Неверојано мали се изгледите тоа да прифати. Двете партии во собранието ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не го прифаќаат тој модел и поднесоа илјадници амандмани и тоа значи дека се прави опструкција во собранието да не се донесе законот. Тоа треба да ги привршиме до крајот а годината бидејќи од трети јануари познато е дека стапува на сцена техничката Влада, рече Петковски.
Според партискиот лидер со ова политиката во Македонија покажува неодговрно однесување и враќање на стари теми.
– Иманентно е Македонија да биде една изборна единица. Тоа е објективно и најреално ја покажува политичката поддршка која граѓаните ја даваат. Граѓаните имаа желба повеќе партии да се борат, но со ова се покажува дека надвладува партискиот наместо граѓанскиот интерес. Со ова уште е се враќаме на стари теми, Македонците да се делат по идеолошка основа, да има етничка поделеност, сите тераат постапки политички профатабилни, изјави Петковски.
Тој посочи дека имаат богато 14 годишно искуство како партија за конкурентна програма и веќе се подготвуваат за самостоен настап без разлика на моделот. НСДП во Тетово бираше ново раководство на огранокот.
А.С