Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека денес добил ќерка. За него и сопругата Ајше ова е трето дете.
-Во време на сите овие заложби за Тетово да го направиме модерен град со европски стандарди, сакам да споделам со Вас уште една вест која денеска неизмерно ме израдува. Денеска, на 19.07.2022 година, Господ ме благослови со една ќерка, општина Тетово стана побогата со уште еден член. Мојата најголема желба е ќерка ми да биде пример за општеството и семејството, принципи врз кои и јас се градам во текот на мојот живот, порача Касами.
Биљал Касами е роден на 31 јули 1975 година.