Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи се вакцинираше во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала во медицинското училиште. Таа се чувствува добро и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
-Вчера ја примив првата доза на вакцина „Синофарм“. Се чувствувам добро и продолжувам со секојдневните работни активности. Голема благодарност до медицинскиот персонал, органите за безбедност, студентите и сите што се грижат за работата во Регионалниот центар за вакцинација во Тетово. Ги повикувам сите граѓани да се пријават во што поголем број на www.vakcinacija.mk, за да можеме сите заедно што побрзо да го победиме вирусот и да се вратиме во нормалниот тек на животот, порача Теута Арифи преку профилот на социјалната мрежа Фејсбук.
Бројот на активни болни од Ковид-19 во тетовско падна под 100, поточно сега има 98. Во последните 24 часа во тетовско има две лица заболени од Ковид-19, но и три починати лица на 75г,76г и 78г години.