Министерството за внатрешни работи соопшти денес дека вчерта 24 октомври во 13,00 часот било пријавено дека во Тетово на место викано „Кале“ била пронајдена минофрлачка граната 80 мм.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово, а од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.