Во Тетово, активисти од невладината група Арт Активизам поставија печатени известувања со нацртани семафори на крстосницата на булеварот Илинден со регионалниот пат Р2233 кој води кон Брвеница, со цел да ја алармираат општината и јавноста на долготрајниот период при што не функционира оваа светлечка сигнализација. Тие предупредуваат дека поради состојбата чести се сообраќајките на тоа место.
-Семафорите на улица Илинденска се надвор од функција подолго време, а пак општината не презема никакви мерки за регулирање на собраќајот во овој дел на градот. Како последица на нефункционирањето на семафорите се случиле голем број на собраќајни несреќи. Пред два дена на истото место имаше тешка собраќајна несреќа, каде за среќа, немаше жртви. Можеби семафорот изгледа убаво како декорација, но сепак ова не е причината за неговото постоење. Кога еден семафор не работи е исто како да не е ставен на тоа место. Каде се локалните власти и зошто даночните обврзици не го добиваат тоа што го заслужуваат?, велат од Арт Активизам.
Во непосредна близина на спомената крстосницата се наоѓаат објектите на Универзитетот во Тетово како и средното медицинско училиште „Никола Штејн.