Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ од денес започна да собира потписи од граѓаните на Тетово со цел листата со 31 кандидат за советник да се поднесе до Државната изборна комисија за локалните избори на 17 октомври. Листата ја предводи Хамди Сулејмани, а потребни им се 350 потписи од жители на општината за да учествуваат на изборите.
– Денес ја доставивме изјавата до Државаната изборна комисија со листа за советници за Совет на Општина Тетово. Сега граѓаните може да дојдат со лична карта во канцеларија број 42 во зградата на Општина Тетово каде е сместна Општинската изборна комисија и да депонираат потпис. Тоа може да го направат секој работен ден од 8 до 20 часот од денес до 30 август, изјави Хамди Сулејмани.
Тие имаат кандидати само за советници, без кандидат за градоначалник.
-Сега е моментот кога голем број на независни луѓе кои се неопределени политички да ги поддржат овие активности. Трите главни точки за залагање ни се да биде почист градот, да биде град со план и транспаретност во работењето. Кандидатите се успешни луѓе, професионалци и активисти кои се бореле за овој град. Родова застапеноста е со над 40 отсто жени кандидатки за советници, додека сите се од албанска националност. Имавме повик за другите заедници, но никој не се јави. Повикот е отворен, но листата е предадена, рече Хамди Сулејмани.
Граѓанските иницијатива има своја веб страница и профили на социјалните мрежи каде ќе ги промовира своите активности.
А.С