Досегашниот градоначалник и кандидат на СДСМ за Општина Јегуновце ма почетокот на кампањата се обрати на сограѓаните со порака дека и понатаму ќе ги прифаќа и реализира препораките и сугестиите на населението. На почетокот на кампањата за локалните избори 2021 тој се обрати кон сите граѓани и активни чинители на општина Јегуновце.
-Навршува мојот прв четиригодишен мандат како градоначалник на општина Јегуновце, мандат исполнет со бројни препреки и предизвици. Уште од првиот ден со посветена работа, труд и ангажираност реализиравме голем број на проекти во сите населени места. Нови реконструирани улици, локални и регионални патни правци, фекални канализациони мрежи, улично осветлување, инвестиции во образованието, спортот, нова спортска сала, градинки, расчистување на диви депонии, речни корита, нови паркови, пешачки патеки, комунална хигиена се само дел од многуте реализирани проекти кои ги ветив и реализирав, а дел од нив беа остварени по повеќе од 20 години. Во изминатите 4 години континуирано вложувавме во развој на општина Јегуновцe Се работеше вредно и напорно и во координација со централната власт реализиравме голем број на капитални инвестиции во општина Јегуновце, што до тогаш беа посакувана желба на граѓаните и политичарите, истакна Блажески.
Резултатот е видлив во секое населено место во општина Јегуновце, вели Блажески кој најавува дека и понатаму во фокусот на работата на локалната самоуправа ќе бидат потребите на граѓаните.
-Новата повеќенаменска спортска сала во Јегуновце, реконструкција на регионалниот пат Јегуновце – Шемшово – Желино веќе се реализирани капитални ветувања. Успеав локалната самоуправа денес да биде транспаретна, отворена и отчетна институција и јас како градоначалник да подадам рака на секој граѓанин и чинител и да ги решам проблемите од локална надлежност. Денес, кон Вас, граѓаните на општина Јегуновце сакам да изразам благодарност за поддршка во изминатите четири години. Вашите идеи, препораки, сугестии, но и критики секогаш ги прифаќав и соодветно реагирав, а така ќе продолжам и понатаму. Имам обврска да го решам секој проблем од надлежност на локалната самоуправа. Во претстојната кампања во фер, демократска и позитивна атмосфера ќе ги претставам проектите за новиот градоначалнички мандат 2021 – 2025 година, визијата за развој и напредок на општина Јегуновце, порача во обраќање до граѓаните Дарко Блажески.
Тој ветува дека секоја средба ќе ја искористи за прифаќање на идеите, мислењата граѓаните, за да може да ја направи општина Јегуновце подобро место за живеење.
ас