Носителката на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од коалицијата Обнова за Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денес оствари средби со претставници на Здружението на глуви лица и Здружението на слепи лица од Тетово како и од Здружението на лицата со телесен инвалидитет Мобилност за Тетово и Гостивар.
-Имавме интересни и конструктивни разговори за кои овие луѓе изминативе три години имале можност да видат и увидат кој и колку се грижел за нивните проблеми и барања. Исто така заеднички дојдовме до заклучок, она што Зоран Заев не ги слушаше и не ги гледаше сопствените граѓани односно она што Зоран Заев не покажа слух и вид за желбата на граѓаните на Република Македонија како пред, како за време така особено после референдумот во 2018 година е најголемиот хендикеп за граѓаните на Република Македонија. И токму затоа дел од кандидатите на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија, се обврзуваме дека од 15 јули ќе направиме повеќе за сите и повеќе за овие наши сограѓани, истакна Дафина Стојаноска.
Кандидатите за пратеници во текот на денот ќе имаат средби со граѓаните во населбата Тетовчанка.
А.С