Носителот на листата во изборната единица 6 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска од соборниот храм Свети Кирил Методиј во Тетово ја започна изборната кампања. Таа им порача на политичките противници дека фер кампањата ќе зависи од нив, носителите на листите.
-Јас во оваа кампања нема да навредувам, омаловажувам и понижувам. Доколку некој се обиде тоа да го направи кон мене нема да одговарам. Ние треба да бидеме пример за сите други. Како цел мој живот ќе ја зборувам вистината и ќе се обидам да излезе вистината на виделина, изјави Стојаноска.
Таа се обрати и кон граѓаните од кои рече дека не бара само глас, туку сака и да го чуе нивниот глас.
-Сакам да ги споделам маките и проблемите и да се потрудам за наоѓање на решенија за нив. Решенијата се обврзувам дека ќе бидат исполнети. Ќе бидам човек се кој сака да го одржи својот збор, истакна Дафина Стојаноска.
Таа порача дека во следните 19 дена на кампањата ќе ги почитува здравствените протоколи.
А.С