Улицата „Гоце Делчев“ да се реконструира долж целата должина бараат жителите кои имаат домови на оваа сообраќајна делница. Ваквите реакции доаѓаат откако надлежните објавија дека реконструкција ќе има само на половина од улицата односно само на должина од околу 700 метри.
Предвидена е реконструкција од православните гробишта па се до населбата Два бреста кај паркот пред црквата Свети Кирил и Методиј додека преостанатиот дел до населбата Колтук останува со калдрма. Жителите образложуваат дека на делот со калдрмата е многу оштетен, а воедно такви се и малите улици кои се приклучни на „Гоце Делчев“.
-Улицата „Гоце Делчев“ се протега се до населба Колтук, а не само 730 метри. Зошто не се опфатени и сокачињата кои се приклучни на „Гоце Делчев. Улицата сака реновирање од ОУ Ќиќиш до православни гробишта,ама прво со канализација па после бекатон. Ова е парцијално решение и понатаму не ќе може да се движи нормално со возила и пешки по калдрамата затоа што е полна со дупки, реагират жителите на Тетово од стариот дел на градот долж улицата „Гоце Делчев“, на социјалните мрежи.
Од Општина Тетово потврдуваат дека со постоечкиот проект за реконструкција нема да се опфати целата делница и дека се бараат други можнпсти и начини за да работи на тој дел од улицата.
-Во тек се изработка на нови проекти со кои ќе се предвиди уредување на преостанатиот дел од улицат „Гоце Делчев“, соопштија од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.
Реконструкцијата на дел од улицата финансиские обезбедена преку Министерството за транспорт и врски и Светската банка. На дожина од над 700 метри и широчина од 5,5 метри, според проектот ќе се работи на санирање на атмосферска и фекална канализацијата, а потоа изградба на тротоари, поставување асфалт на сообраќајна лента, сообраќајна сигнализација како и улично осветлување.
А.С