Двата универзитети од Тетово се најдоа на второто и трето место на ранг листата на високо образовните институции за 2020 година според Вебометрикс-рангирање универзитети, иницијатива на лабораторијата „Киберметрикс“, истражувачка група од Шпанија. Покрај на национално ниво има и рангирање на над 30 илјади универзитети на светот, според научно влијание, извонредност и отвореност на установите на интернет.
Од Универзитетот на Југоисточна Европа кои се најдоа на второ место велат дека за 20 години постоење секогаш воделе политика на континуирано прилагодување кон меѓународните трендови на управување и квалитетна испорака на сите нивоа.
-Во споредба со 2016 година, кога УЈИЕ беше рангиран на 7741 место во светот, во 2020 година забележа голем од 3283 места и сега е рангиран на 4458 место, и највисоко рангиран универзитет во регионот според академските перформанси. Универзитетот на Југоисточна Европа постигна позитивни резултати според сите показатели, почнувајќи од присуството, видливоста, бројот на цитати и објавувањето на научни трудови на академскиот кадар, посочуваат од УЈИЕ.
На третата позиција е Универзитетот во Тетово.
-Во рангирањето на Вебометрикс Универзитетот во Тетово се искачи на третата позиција на национално ниво, додека на светско ниво нашиот универзитет се искачи за 1020 места и се наоѓа на позицијата 4677 на глобално ниво, потенцираат од УТ.
На првата позиција е Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје.
А.С