Од вкупно 249 нови тестирања низ Македонија има 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Со тоа тетовскиот регион брои вкупно 86 лица заразени од коронавирус, информира денес Министерството за здравство.
Од таму потенцираат дека Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.
Според министерството на инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.
А.С