Тетовската полиција вчера приведе двајца жители на градот кои биле барани за издржување на казни затвор. Прво во 17.15 часот на ул.„Видое Смилиевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно добиена наредба од Основен суд Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(25) од Тетово, кој се барал за издржување на казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.
-Потоа во 22.15 часот на ул.„Ленин“ во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово, по распишана потерница и добиена судска наредба, бил приведен Н.А.(48) од Тетово, осуден на казна затвор. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, информира МВР