Министерството за здравство бележи два нови смртни случаи поради Ковид-19 во тетовскиот регион за изминатите 24 часа. Починати се лица на 65 и 79 години.
Ова се први смртни случаи после 10 дена. Во текот на февруари со денешните двајца починати има вкупно седум починати лица. Вкупно од почетокот на пандемијата во тетовско има 217 починати лица поради компликации од Ковид-19.
Досега во текот на овие 19 дена од февруари има вкупно 233 новозаболени и 293 оздравени од коронавирусот. Активно болни се 227 лица.
Од почеток на пандемијата кај вкупно 5320 луѓе е констатиран Ковид-19.