Две лица на 60 и 71 година болни од Ковид-19 се починати во изминатото деноноќие, информира денес Министерството за здравство. Сега вкупно 80 лица во тетовскиот регион од почетокот на пандемијата се починати како болни од Ковид-19.
Се бележат и нови 4 случаи, додека оздравени се 23 лица. Сега активно болни има 104 лица, додека вкупно дијагностицирани се 1258 лица.
Низ Македонија се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи. Починати се вкупно 6 лица, вклучувајќи ги двете лица од тетовско-од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница..
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти.