Ерденај Сали со прва награда со освоени 96.5 поени и Александар Ристовски освоена трета награда со 89.25 поени. Со овие награди се вратија денес од престижниот меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија двајцата ученици од основниот оддел на Државното музичко училиште во „Тодор Скалоски-Тетоец“.
-Ерденај кој е 10 годишен настапи со кларинет во преткатегорија Б, додека Александар кој има 13 година исто така со кларинет во категорија А. Во двете категории имаше по 12 натпреварувачи, аво Белград беа со професорот Новица Соколовски. Интернационално жири ги оценуваше настапите, информираат од училиштето.
Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ се одржува 16 години при што учествувале над 6000 натпреварувачи од голем број европски земји. Музикото училиште „Даворин Јенко“ е основана 1951 година и претставува најголемо установа за музичко образование во Србија.
А.С