Во тетовската полиција еден маж и една жена пријавиле два случаи на напади и каснувања од бездомни кучиња.
-Вчера (18 февруари) во 9 часот и 20 минути, А.М.(36) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 7 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник. Вчера, исто така, во 12 часот и 30 минути, М.Т.(33) од тетовско Сараќино во СВР Tетово пријавила дека во Блок 70 во Тетово била кaсната од куче скитник, информираат од СВР Тетово.