СВР Тетово информира дека вчера (23 ноември) во 18 часот и 45 минути, Ш.С. од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавил дека петнаесетина минути пред тоа на наплатната станица Тетово физички бил нападнат од вработениот во станицата А.С.(31) од тетовско Селце-Кеч.
Според пријавеното, напаѓачот го нападнал низ отворен прозорец на возилото „ауди“ со тетовски ознаки, со кое Ш.С. се движел кон Гостивар. Се расчистува и документира случајот, инфомира СВР Тетово.
Вчера (23 ноември) во 16 часот и 40 минути во Полициското одделение Камењане повикан е 32-годишниот Ј.М. од тетовско Камењане, кој околу 14 часот и 30 минути, на излез од селото, физички го нападнал Ш.Ш.(74) од тетовски Пирок по претходна расправија. По целосно документирање на случајот против Ј.М. ќе следува поднесок.